Неподнослива жештина, штедење струја, инвестирање во фотоволтаици, двајца неуредни мајстори и уште многу згоди и незгоди.
Без вода, без струја, со двајца заробеници кои не сакаат да се ослободат. Ќе капне ли капка надеж или барем капка вода во пансионот?
Како Преспав да се направи златна кокошка на алтернативниот туризам? Ќе доаѓа царството небесно или ќе се зезаме?
Лицето со иницијали Т.Г. неочекувано се наоѓа на слобода, а не е еден од киднапираните. Мистеријата истовремено се заплеткува и отплеткува.
Како се продава идентитет и што сè може да се купи со парите?
Академска дисертација за романтична прокрастинација. Колегата Тони во (само) одбрана!
Добредојдовте во најблескавиот хотел во континенталниот дел на источниот Медитеран - Преспав парадајз луксор.
Инспекторка - ловец на трофеи доаѓа во Преспав. Ќе го улови најголемиот сом или ќе се заплетка во љубовната мрежа?
Нов специјалитет во пансионот – чорба од желки. Кој пробал знае!
За време на големата ренесанса, минирани шансите за романса.
Мајка Санела се враќа да ја наплати доспеаната фактура или да заврши уште некоја работа.
Селото поплавено, невестата прави фризура. Свадба мора да има.